Рапторс со Лилард ќе ја напаѓаат титулата во НБА?

На недела дена пред почетокот на подготовките за новата сезона во НБА лигата останува отворено прашањето каде ќе заврши Дамиен Лилард. Суперѕвездата на Портланд побара трансфер по 11 години поминати во клубот, а посакуваната дестинација беше Мајами.

Сепак веројатноста за трансфер на Флорида е мала со оглед на тоа што преговорите не вродија плод па одново се постави прашањето каде ќе заврши кошаркарот кој важи за еден од најдобрите на својата позиција.

Како опција се јавува и поранешниот НБА шампион Торонто Рапторс кој ова лето остана без својата ѕвезда Фред ван Влит кој се пресели токму во Хјустон со тригодишен договор вреден 130 милиони евра. Очекувањата се дека Лилард и Сијакам ќе направат одлично дуо, а со помошта на останатите млади и талентирани кошаркари единствениот тим од Канада одново ќе има шанса за шампионската титула.

Се вчитува...