Екипата на Башкими, со победата над Арсими (2-1), ја прекина серијата од три порази по ред и освои големи бодови во борбата за опстанок.
Кумановскиот тим верува дека кризата со резултатите е надмината и дека со поддршка од домашната публика ќе освои нови бодови на стадионот во Куманово, денеска против Брегалница од 12 часот.
„Ова е еден од најважните натпревари за нашиот тим во оваа полусезона. Се надеваме дека ќе ја продолжиме серијата победи и ќе ги земеме трите исклучително вредни бодови. За да го постигнеме тоа, ни потребна поддршка од секој кумановски навивач. Заедно сме посилни“, изјави меѓу другото Антонио Рашид Да Силва.
Во 12-те досегашни пресметки меѓу Башкими и Брегалница, традицијата е на страната на тимот од Куманово, кој има седум победи наспроти Брегалница која брои само две победи. Во меѓувреме, три средби завршиле без победник.
Натпреварот меѓу Башкими и Брегалница од Штип ќе се одигра на стадионот на Башкими со почеток во 12 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде Бенјамин Керими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
