Реина и на 40 години ќе брани за Вилјареал

Искусниот голман на Вилјареал, Пепе Реина го продолжи договорот со клубот до 2024 година, и ќе брани и на 40 години. Реина беше дел од Вилјареал од 2002 до 2005 година, а во тимот се врати во 2022 година.

Реина сезонава 22 пати го бранеше голот во Ла Лига за Вилјареал. Тој беше најпрво замена за Херонимо Рули кој замина во Ајакс, а потоа тој го презеде местото број 1 на голманската позиција.

Еден од решенијата за голманската позиција на „жолтата подморница“ беше и Столе Димитриевски, но таа можност пропадна.

Се вчитува...