Рекордна титула за незапирливиот Тајгер Вудс

Тајгер Вудс ја освои рекордната 82. PGA титула во кариерата триумфирајќи на инагуралното издание на турнирот во Јапонија со што го израмни постиигнувањето на досегашниот лидер, сонародникот Сем Снед. Рекордот на Снед е од далечната 1965 година.

Вудс до успехот дојде девет недели по петтата операција на коленото. 43-годишниот Вудс има турбулентна кареера, а во април годинава направи подвиг кога по пауза од 11 години ја освои  15. Мастер титула во кариерата.

Ова е голема бројка. Се должи на константноста и на долгите години во овој спорт. Среќен сум што имам долга и успешна кариера. Телото не работи како порано, но уште се снаоѓам добро на голф теренот“  – изјави Вудс по освојувањето на титулата.

Правата PGA титула во кариерата, Тајгер Вудс ја освои пред 23 години, исто во октомври кога тирумфираше на турнирот во Лас Вегас.

Се вчитува...