Брегалница продолжува со ангажманот на нови играчи за пролетниот дел од шампионатот. Меѓу штипјани до крајот на сезонава и дефинитивно останува и искусниот голгетер и поранешен македонски репрезентативец, Ристе Наумов.
Тој во изминатите неколку дена тренираше со тимот на Здравко Цветански, по што се одлучи да остане во тимот од Штип и да му помогне да обезбеди опстанок во прволигашката конкуренција.
„Продолжувам со Брегалница, се надевам дека ќе имаме успешна полусезона. Желбата оваа пролет е да стигнеме до историско финале во Купот на Македонија“ – вели Наумов.
Брегалница веќе се наоѓа во Сандански, Бугарија, каде го реализира вториот дел од своите подготовки. Во пролетниот дел од сезоната „сините“ ги чека тешка битка за опстанок во прволигашката конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА