Рјоју Кобајаши со победа во Оберсдорф ја почна одбраната на титулата на „Четири скокалници“

Ланскиот победник на турнејата Четири скокалници, Рјоју Кобајаши тирумфираше на првото натпреварување од годинашното издание во германскиот центар Оберсдорф. Со скоковите од 134 метри во првата и од 138 метри во вотрата серија, Јапонецот дојде до победата, беше водечки и по првата серија. Освои 305,1 бод. со него на подиумот се качија и Гермнецот Карл Гајгер кој имаше должини од 135 метри и од 134 метри за вторто место како и Полјакот Давид кубацки кој прескокна 132 и 133 метри.

За Кобајаши ова е петта последовна победа на турнејата, тој на минатото издание стана само третиот скокач во историјата кој победил со тирумфи на сите четири натпреварувања. Следното натпреварување е традиционално на 1.јануари во Гармиш-Партенкирхен.

 

Се вчитува...