Робертсон: Малку ми е жал за сопругата

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа загуби со 0-2 од Шкотска во натпревар од 3. коло од новата сезона во Б-лигата на нации. Повторно одигравме слаб натпревар без ниту еден удар кон голот на противникот, кој тотално не надигра.

Серијата само продолжува и Македонија сега е во низа од седум меча без гол откако селектор е Гоце Седлоски. Својот „100“ натпревар за репрезентацијата на Шкотска го одигра капитенот, Енди Робертсон. Тој по јубилејниот меч изјави дека само му е жал за сопругата.

„Ова ми значи се на светот, ова и му значи се на светот на моето семејство. Но, тоа исто така значи и дека сум бил отсутен 100 пати од дома, малку ми е жал за сопругата“, изјави Робертсон. 

Се вчитува...