Иако имаше шпекулации за негово заминување од Ал Наср, веројатно Кристијано Роналдо ќе остане барем уште една сезона во дресот на овој клуб.
Португалецот после финалето во Лигата на Нации и освоениот трофеј, потврдил дека намера да го напушти клубот, и дека најмалку уште една сезона ќе остане во сегашниот тим.
„Мојата иднина нема да се промени. Дали останувам во Ал Наср? Да“, кусо изјави Роналдо.
Португалската ѕвезда е во Ал НАср од 2023 година. Има годишна плата од речиси 196 милиони. Договорот му истекува на крајот на овој месец, но со ова практично тој најави дека ќе продолжи со клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА