Роналдо не дојде на погребот на Жота, но направи потег кој ќе се памети

Легендарниот Кристијано Роналдо, не беше меѓу присутните на погребот на неговиот соиграч од репрезентацијата Диого Жота, кој денеска беше испратен кон вечното почивалиште заедно со својот брат Андре Силва.

И покрај тоа што се појавија шпекулации дека Роналдо е на одмор со своето семејство, сепак, неприсуството е сосема од друга причина. Фудбалската ѕвезда одлучила да не оди на погребот, за да не донесе поголем метеж во малото место. Јасно е дека секаде каде што оди, Роналдо предизвикува големо внимание, па затоа одлучил да не оди.

Меѓутоа според информациите, тој направил потег кој ќе се памети. Најдобриот стрелец на сите времиња за Португалија контактирал со семејството на Жота, и понудил помош за неговите три деца, односно тој да го покрие целото школување до крајот на животот. Исто така им порачал дека ќе им биде на располагање за се што треба во иднина.

Се вчитува...