Синоќа се одигра пријателски натпревар помеѓу Шпанија и Португалија, а по 90 минути игра натпреварот заврши без голови (0-0).
Португалија беше предводена од еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, кој и на овој натпревар ја носеше капитенската лента. За одличниот Португалец ова беше 174. натпревар во репрезентативниот дрес, па тој се доближи до светскиот рекорд по бројот на одиграни натпревари за националниот тим.
Само десет настапи недостасуваат за Роналдо да го сруши рекордот на Ахмед Хасан, поранешен египетски репрезентативец, кој одигра 184 натпревари во националниот тим.
Според овој параметар, Роналдо е пред осум други играчи, вклучувајќи го и Серхио Рамос, кој одигра 180 натпревари за Шпанија.
Сепак, одличниот дефанзивец на Европското првенство нема да може да го подобри бројот на настапи за националниот тим, имајќи предвид дека тој не е вклучен во списокот на играчи на шпанската репрезентација кои ќе се натпреваруваат на ЕВРО 2020.
Роналдо за пет дена најверојатно ќе го одигра 175 натпревар за Португалија, а КР7 и компанија за противник на Европското првенство ќе ја имаат репрезентацијата на Израел на 9 јуни. Доколку не биде повреден или исклучен, скоро сигурно ќе одигра три натпревари во групната фаза на Европското првенство, па веројатно ќе стигне до 178. натпревар за репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА