Роналдо се повлече од трката за прв човек на бразилскиот фудбал

Бразилскиот фудбалски великан Роналдо Луис Назарио де Лима, попознат како Роналдо, се повлече од трката за претседател на фудбалската федерација на својата земја (ЦБФ), откако не успеа да собере доволно поддршка од регионалните федерации за својата кандидатура.

Роналдо сакаше да се кандидира за претседател на „ЦБФ“ за да го „врати престижот и почитта што Бразил отсекогаш ги имал“ по долги години контроверзии во кои беа вклучени највисоките претставници на федерацијата.

Сепак, поранешниот напаѓач на Барселона, Интер и Реал Мадрид, кој освои две светски титули во дресот на Бразил (1994, 2002 година), заклучи дека нема да може да му се спротивстави на сегашниот претседател Едналдо Родригес, кој има поддршка од речиси целото гласачко тело.

Се вчитува...