Сабонис останува во Сакраменто за 217 милиони долари

Литванскиот репрезентативец Домантас Сабонис и следните пет години ќе настапува во дресот на Сакраменто со кој потпиша нов договор по кој ќе заработи 217 милиони долари.

Центарот во која кариерата настапуваше за Уникаха Малага, Оклахома и Индијана е дел од Сакраменто од февруари 2022 година, а оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот кој претходната сезона одигра неверојатна плеј-оф серија против Голден Стејт Вориорс.

Се вчитува...