Саудиска Арабија ќе гради 400 милијарди вреден „либерален град“ со кој ќе привлекува спортски настани

Саудиска Арабија планира да направи град кој ќе биде управуван по западни стандарди, наместо по исламските закони како дел од дологорочната стратегија за станување глобален центар за спортски настани од висока категорија. Градот ќе се вика Неом, ќе чини 400 милијарди долари и ќе биде на Црвеното море. Тој е дел од „Визијата 2030“ на Кралството. Ова треба да помогне Саудиска Арабија да добие право да огранизира големи настани од типот на саботниот боксерски спектакл во супертешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз Џуниор во Ријад.

Саудиската влада ангажирала бројни ПР експерти од целиот свет за да бидат советници на проектот кој прв го промовираше Принцот Мохамед Бин Салман пред две години. Идејата е овој град да биде надвор од рестриктивните закони кои владеат во Саудиска Арабија и да има либерални закони за работниците, за женските права како и за сите посетители кои ќе имаат право да пијат алкохол. Алкохолот нема да биде дозволен в сабота на мечот Џошуа-Руиз.

Саудиска Арабија е под постојани критики на организациите за човекови права како „Amnesty International“ дека се обидува преку спортот да се „испере“ за лошата репутација што ја има во светот. Порад лошата состојба со човековте права во суадиска Арабија која годинава изврши 146 егзекуции, шпанската „RTVE„ одбива да прави пренос од првото издание на Супер Купот закажан за следниот месец во Џеда на кој ќе учествуаат четири екипи, Барселона, Реал Мадрид, Валенсија и Атлетико Мадрид.

Саудиска Арабија преговара и со „Liberty Media„, сопствеништво на Формула 1, но компанијата бара гаранции дека ќе бидат почитувани правата на сите жени и новинари кои ќе влезат во државата. Ова ќе биде полесно за реализација во новиот град Неом.

Поради строгите правила на однесување и рестриктивните зкаони околу жените и алкохолот, билтетите за мечот Џошуа-Руиз кое се продаваат низ 60 држави сепак не се продадоа до крај.

Се вчитува...