Герет Саутгејт, селекторот на Англија, смета дека е добра работа за неговата репрезентација што натпреварот од четвртфиналето на Европското првенство се игра далеку од нивната земја.
Дуелот е закажан вечерва во Рим со почеток од 21 часот. Досега, Англија ги одигра сите свои натпревари од групната фаза, како и осминафиналето со Германија, на „Вембли“.
„Одлично е што го напуштаме Лондон сега. Би било тешко да не подлегнеме на еуфоријата што владее во Англија по нашата победа над Германија. Отидовме во Рим, во една сосема поинаква средина. Можеме целосно да се фокусираме на дуелот со Украина, што ќе биде многу тежок“, истакна Саутгејт.
Селекторот на Англија вели дека најсилната екипа ќе на теренот и дека не размислува кој би можел да го пропушти полуфиналето поради можни жолти картони.
„Далеку сме од полуфиналето. Не треба да се заборави дека Англија стигна до оваа фаза во историјата само три пати. Украина е сериозен тим и нема простор за какви било калкулации“, рече Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА