Шакота: Антиќ беше класа, доминантен играч кој доколку ме слушаше многу порано ќе завршеше во НБА

Легндарниот српски стратег Драган Шакота на подкасост „Јао Миле“ говореше за единствениот Македонец кој заиграл во НБА лигата, Перо Антиќ. Стратегот кој го предводеше нашиот центар во првиот интернационален предизвик – Аек од Aтина откри како дошло до трансферот, а го откри и проблемот кој го имал со Македонецот.

Шакота вели дека Антиќ се противел да настапува на центарската позиција за која бил „измислен“, а поради истото не заиграл во НБА лигата и пред 2013 година.

„На турнир го видов Перо Антиќ. Јас бев фасциниран. Тој беше прв стрелец на турнирот. Ја знаев целата генерација ’84 од Европа и реков ваков играч не постои. Го прашав менаџерот како може да дојдеме до него и едноставно го купивме за 10 илјади марки или евра не можам да се сетам. Кога го купивме и требаше да го пријавиме за Евролига се воспостави дека е ’82 годиште и како таков беше класа. Но, тој постојано се противеше се виде себе си како некоја „тројка“. Немаше игра на низок пост и постојано „војував“ со него.

Беше многу амбициозен, но имаше некои повреди кои ја намалија неговата кариера бидејќи мислам дека требаше да замине во НБА многу порано. Потоа следуваше вистински потег со премин во Црвена Звезда па до Русија, потоа го зема Дуда и НБА. Му кажав виде ли колку време требаше да стигнеш до НБА, а само требаше да сфатиш дека твојата иднина е „стреч петка“ или некоја „четворка“. Тој многу добро играше на таа позиција кај Дуда, но како „петка“ беше доминантен бидејќи беше брз, пробоен и можеше да шутира. На крајот во Атланта Хокс само тоа и играше“, вели Шакота.

Се вчитува...