Шампионска битка за наградите Лауреус

Ф1 шампионот Луис Хамилтон, предводникот на Барселона  Лео Меси, лидерот на АТП листата Рафаел Надал, Мото ГП шампионот Марк Маркес, голферот Тајгер Вудс и атлетичарот Елуд Кипчоге, ова е шестемина номинирани за престижната спортска награда „Лауреус“. Ланскиот добитник на признанието, Новак Ѓоковиќ не влезе во потесниот избор и нема да го брани лански успех.

Кај девојките минатогодишната лауреатка, гимнастичарката Сајмон Билс ќе меѓу шесте спортстки кои се во најтесната конкуреција. Таа е во битка со атлетичарките Алисон Феликс  и Шели-Ен Фрејзер-Прајс, капитенката на американската фудбалска репрезентација Меган Рапионо, скијачката Микаела Шифрин и со тенисерката Наоми Осака. Потесниот избор го прават медиумите, сега за добитниците на наградите ќе решава жири во кое има 68 члена. Признанијата ќе бидат доделени на 17. февруари на манифестација во Берлин.

Во конкурнеција за тим на годината се Ливерпул, Ф1 тимот на Мерцедес, јужноафриканскиот рагби тим, шпанската кошаркарска репрезентација, женскиот фудбалски национален тим на САД како и НБА првакот торнто. Во трка за признанието откритие на годината во трка се Бјанка Андреску, Еган Бернал, Коко Гоф, рагби селекцијта на Јапонија, боксерот Енди Руиз и пливачката Реган Смит. Пливачот Нејтан Едријан, рели возачката Софија Флориш, рагбистот Кристијан Леалифано, Каваи Ленард, европскиот фудбалски шампион Ливерпул и тенисерот Енди Мареј се во конкуренција за наградата „враќање на годината“.

 

Се вчитува...