Шарунас Јасикевичиус заминува во НБА

Литванскиот тренер Шарунас Јасикевичиус ќе стане дел од стручниот штаб на Сакраменто кингс.

Јасикевичиус ја водеше Барселона до минатата сезона, а сега ќе се обиде дополнително да го збогати своето знаење во Калифорнија.

За Литванецот беше заинтересиран и тимот на Мемфис Гризлис, бидејќи тој и претходно беше на мета на тимот од Мемфис, но сепак се одлучи прво за Жалгирис, а потоа и за Барселона.

Јасикевичиус во својата тренерска кариера освои две титули во Шпанија, два трофеи во Купот, пет титули во Литванија, три трофеи во Купот на Литванија, три пати беше на завршниот турнир во Евролигата, но не успеа да стигнат до тронот.

Се вчитува...