Напаѓачот на репрезентацијата на Чешка, Патрик Шик, посочува дека неговиот тимски успех е многу поважен од тоа да биде најдобар стрелец на Европското првенство.
Фудбалерот на Баер Леверкузен досега има постигнато четири гола, еден помалку од Кристијано Роналдо.
„Тоа не е важна тема за мене, главната работа е успехот на тимот. Мојата цел не е да ја освојам златната копачка, туку да му помогнам на тимот да стигне што е можно подалеку. Не ми е грижа колку голови ќе постигнам на крајот од ЕП“, вели 25-годишниот Шик.
Во 2004 година, Милан Барош беше прв стрелец на ЕП со пет погодоци, а Шик има можност да дојде до оваа бројка во четвртфиналето со Данска, меч кој е закажан за денес од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА