Францускиот интернационалев Морган Шнидерлин го напушта Манчестер јунајтед, но ќе остане во Премиер – лигата. Иако имаше најави дека би можел да се врати во татковината и да игра за Олимпик Марсеј, сепак, премиерлигашот Евертон успеа да ги договори условите за негов трансфер. Откако ќе ги мине лекарските прегледи, Шнидерлин треба за сума од 22 милиони фунти да се пресели на „Гудисон Парк“.
Тој дојде на „Олд трафорд“ во 2015 година за сума од 25 милиони фунти, но за Манчестер јунајтед одигра само 32 натпревари и постигна еден погодок. По доаѓањето на Жозе Мурињо на менаџерската позиција е комплетно во втор пчлан и токму затоа и си заминува од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА