Шок во НХЛ: Срцев удар на хокеар среде натпревар (видео)

Дуелот од НХЛ-лигата меѓу Анахајм и Сент Луис беше прекинат во третата четвртина, откако гостинскиот хокеар Џеј Баумистер имаше срцев удар среде натпревар. Мечот беше прекинат на 7:50 минути до крајот при резултат 1-1, а за среќа целата случка не заврши трагично.

Тој се струполи додека седеше на клупата за резерви, по што лекарите на двата тима експресно му пружија помош, помагајќи му да ја добие најважната битка.

„Благодарение на брзиот одговор на нашите лекари, како и на докторската служба на Анахајм, бевме во можност да го стабилизираме Џеј“, изјави менаџерот на Сент Луис Блуз, Даг Армстронг.

Џеј Баумистер (36 години) е роден во Канада и настапува во НХЛ од 2002 година, кога како трет пик на драфтот беше избран од Флорида. Седум години подоцна се пресели во Калгари, а ова му е веќе осма сезона во дресот на Сент Луис. Тој има два настапи на олстар-натпреварите во НХЛ, а со селекцијата на Канада го освои олимпиското злато во Сочи во 2014 година.

Се вчитува...