Лионел Меси ќе ги пропушти следните четири натпревари на аргентинската репрезентација по суспензијата што му беше изречена попладнево на најдобриот фудбалер на денешницата. Тој е казнет поради навредите упатени кон судиите по завршувањето на натпреварот со Чиле, а интересно е што судиите го немаа внесено тоа во официјалниот записник, но Меси е суспендиран врз основа на прегледувањето на ТВ-снимката од средбата.
Аргентинците најавија жалба, а доколку истата биде одбиена Меси нема да настапи за својата репрезентација против Боливија, Уругвај, Венецуела и Перу. За жалбата ќе се дискутира најрано следната седмица, што значи дека ѕвездата на „гаучосите“ сигурно нема да може да настапи на вечерашниот меч со Боливија.
Селекторот Бауза донел одлука на негово место во стартниот тим да го вклучи Серхио Агуеро, кој претходно беше предвиден како резерва на дуелот во Ла Паз, град каде Аргентина е без победа цели 12 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА