Што е следно за Мекгрегор? Хабиб, Мејведер, Паквајо или …

Конор Мекгрегор на голема врата се врати во „октагонот“, откако во последната борба во УФЦ 246, тој за само 40 секунди успеа да го нокаутира Доналд Чероне. Прашањето кое се поставува е тоа кој ќе биде следен противник на искусниот Ирец.

Цела јавност очекува реванш против Хабиб Нурмагомедов, а и двајцата борци се решени повторно да се соочат во „октагонот“. Сепак, има уште неколку имиња кои се во игра за противници на Мекгрегор. Можно е тој повторно да влезе во боксерски ринг и да се соочи или со Флојд Мејведер или Мани Паквајо.

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт пред дуелот со Чероне, изјави дека доколку Мекгрегор победи ќе има право повторно да го предизвика Хабиб Нурмагомедов. На крајот останува да видиме што ќе одлучат, но сигурно е дека не очекува нова мегапресметка, кој и да биде противник на Ирецот.

Се вчитува...