ШВЕДСКА – Сите го чекаа враќањето на „богот“, ама се повреди

Во рамките на медиумската „експертска мрежа на Гардијан“ за EВРО 2020, чиј дел е и ЕКИПА, заедно со вкупно 22 европски медиуми меѓу кои и со „Газета дело Спорт“ (Италија), „Ел Паис“ (Шпанија), „Ди Цајт“ (Германија), „Франс фудбал“ (Франција), „Блик“ (Швајцарија), ви ги пренесуваме комплетните информации за сите репрезентации учеснички на Европското првенство 2020

Дел од денешната програма на ЕВРО 2020 е дуелот меѓу Шпанија и Шведска, на кој Швеѓаните веруваат дека може да го изненадат фаворитот.

За ЕКИПА пишуваат: Бертил Лилјегрен и Андреас Сундберг (Fotbollskanalen – Шведска)
Следете ги на Твитер: @sbliljegren и @A_Sundberg

„Враќањето на Богот“, скромно твиташе Златан Ибрахимовиќ кога беше дека ќе го оконча петгодишниот бојкот на репрезентацијата. Но, тогаш Бог се повреди и шведската репрезентација се врати таму каде што беше на почетокот на годината, што искрено кажано и не е така лошо место.

Вистина, дека доколку Ибра беше подготвен, репрезентацијата на Јан Андерсон ќе беше уште подобра, но и без него завршија на второто место во квалификациската група зад Шпанија, а сега играчи како што се Виктор Линделоф од Манчестер Јунајтед и Емил Форсберг од РБ Лајпциг ќе ја имаат водечката улога во тимот. Како и секогаш за Шведска на големите натпреварувања тимската игра е таа што треба да носи добри резултати.

Колективот е секогаш на прво место откако Андерсон во 2016 година ја презеде репрезентацијата. Главен пример е напаѓачот Маркус Берг кој секогаш добива пофалби дека дава максимум и е на секој дел од теренот, а често помага и во одбраната. „Напорно работиме заедно“ е мотото на Шведска. „Мораме да бидеме тим ако сакаме да имаме шанси против големите репрезентации. Ова е многу силен колектив“, изјави Андерсон.

Што се однесува до изборот на играчи се поставуваа две главни прашања. Прво со отсуството на Ибрахимовиќ кој ќе стартува во нападот? Дали тоа ќе биде напаѓачот на Реал Сосиедад, Александер Исак кој треба да игра со Берг или напаѓачот на Мајнц, Робин Квасон.

Второто и можеби поважно прашање кој ќе игра во одбраната заедно со Линделоф? Андреас Гранквист кој има 36 години и во последните 18 месеци готово и да не игра фудбал. Чувството е дека е повикан повеќе како тренер, бидејќи селекторот многу ги цени неговите лидерски способности.

Изборот за Гранквист во тимот е главно прашање во Шведска. Многу сметаат дека е потрошено едно место во тимот на играч кој веројатно нема ни да игра. Гранквист призна дека тоа бил тежок избор на селекторот. „Самиот се двоумев дали ќе идам или не“, но додаде дека е израдуван за тоа што селекторот го избра.

Готово е незамисливо дека Гранквист ќе игра пред фудбалерот на Брентфорд Понтус Јансон или неговиот поранешен соиграч од Малме, Филип Хеландер кој има одлична сезона во Ренџерс. Веројатно еден од нив двајца ќе стартува, додека Маркус Даниелсон од кинескиот Далиан Про ќе биде вонконкуренција. Кој и да игра големи се шансите Шведска да ја помине групната фаза, но и да стигне до четвртфиналето како и на Светското првенство во 2018 година во Русија.

СЕЛЕКТОР

 Многу спортисти имаат своја рутина во тоа како се облекуваат по одреден редослед или мора да возат по одреден пат до стадионот пред натпреварите. Шведскиот селектор Јан Андерсон исто така има своја посебна рутина. Пред секој натпревар Андерсон јаде виршли. И тоа не било кои. Во текот на Светското првенство во 2018 година во Русија Шведската репрезентацијат јадеше хот-догови кои беа прелиени со омилениот зачин од краставица на Андерсон донесен од Шведска како би биле сигурни дека неговите кулинарски потреби се исполнети. Почитува дисциплина и постигнува големи успеси откако ја презеде репрезентацијата во 2016 година.

ИКОНА

Ибрахимовиќ беше очигледен избор, но доколу 39-годишникот немаше повреда на коленото. Мора да се напомене дека неговата замена во нападот Александер Исак е следната голема шведска ѕвезда. Поранешниот напаѓач на АИК кој во 2017 година го одби Реал Мадрид за да и се придружи на Борусија Дортмунд. Потивок е од Златан, но кој не е? Сега е во Реал Сосиедад и веќе има постигнато голови колку и Ибра во Ла лига. Се најде во реклама на „Адидас“ кога имаше 17 години заедно со Герет Бејл и НБА ѕвездата, Џејмс Харден.

НАЈСРЕЌЕН ОД ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЕВРО 2020

Пред една година Филип Хеландер беше четврти или петти избор на позицијата централен бек, но повредите и падот на формата на некои соиграчи доведоа до тоа шампионот со Ренџерс во Шкотска во март да стартува за репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство. Одлично се снајде и сега е опција за Андерсон за воведниот натпревар против Шпанија. „Се знаеме добро и ако играме заедно, тоа ќе биде совршено“, изјави Линделоф на прашањето околу можноста да игра со Хеландер.

ШТО ПЕАТ ФАНОВИТЕ

За секое големо натпреварување постои официјална химна за репрезентацијата на Шведска. Најпозната и најомилена очигледно е „Кога копавме злато во САД“, во чест на одличниот настап на  Светското првенство во 1994 година. Но, кога се во прашање песните кои се пејат на трибините во Шведска најпозната е „Постигни гол“ од Маркулио. Песмата е напишана пред Европското 2004, а „жолтиот ѕид“ редовно ја пее на стадионите.

ШТО ВЕЛАТ ФАНОВИТЕ

“Om bara Zlatan hade varit med” –  „Барем Златан да е тука“

“Varför startar Marcus Berg?” – Зошто Маркус Берг е во стартниот тим

“Kanna på, kanna på!” – Некои работи не може да се преведат буквално. „Кана“ е пиво. Само побарајте “Kanna på, kanna på!” на јутјуб и ќе дознаете за што се работи.

ПАНДЕМИСКИ ХЕРОЈ/ НЕГАТИВЕЦ

Минатото лето додека беше во посета на неговиот роден град Вастерас, Линделоф Линделоф и помогна на 90-годишна старица била ограбена од лице кое возело велосипед. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед почнал да го брка крадецот и да се обидува да го сопре, додека полицијата не го фатила. „Само сакав да и помогнам на госпоѓата да и ја вратат чантата“. „Изгледаше физичко неверојатно подготвен. Изгледаше како да може да потрча низ ѕид само да ми помогне“, изјави старицата. Среднистот на АИК, Себастијан Ларсон доставуваше храна на персоналот во болницата во Ескилстун.

Се вчитува...