Сити им се приклучи на Челси и Ливерпул во битката за талентираниот Шпанец

Манчестер Сити влезе во битката на Чесли и Ливерпул за ангажман на талентираниот Шпанец, Габри Веига. По пропаѓањето на преговорите за трансфер на Деклан Рајс актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите погледите ги насочи кон 21-годишникот.

Веига оваа сезона настапи на 36 натпревар за Селта Виго во шпанското првенство на кои забележа 11 голови и четири асистенции со што го примами интересот на премиерлигашките гиганти.

Шпанскиот младински репрезентативец кој според „Трансфермаркт“ вреди 30 милиони евра во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра која заинтересираните клубови ќе мораат да ја активираат за негов ангажман.

Се вчитува...