Славија Прага почнува преговори за Миовски

Славија Прага е првиот тим кој ќе тргне по потписот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Актуелниот член на МТК е на „мета“ на чешкиот тим кој во јануари ќе влезе во преговори со унгарската екипа за негов ангажман.

Славија ќе треба да плати повеќе од 1 милион евра, бидејќи според информациите МТК одбила добра понуда за негов ангажман. Според најавите, МТК би прифатил понуда од 1,5 до 2 милиони евра.

Покрај Славија, се појави вест дека и германски Фрајбург и италијанска Аталанта се со интерес за услугите на напаѓачот кој сезонава постигна седум гола во првиот дел од унгарскиот шампионат, и е најефикасен во својот тим.

Пред неколку дена Миовски во МТК доби соиграч од репрезентацијата. Станува збор за Стефан Спировски кој потпиша 2,5 годишен договор со овој тим.

Се вчитува...