Словенецот Балтиќ, нов селектор на одбојкарите

Одбојкарската Федерација на Македонија повторно се реши за промена на кормилото на националниот тим, именувајќи го Драгутин Балтиќ за нов предводник на „спартанците“ во предизвиците што ќе ги очекуваат во оваа календарска година.

Откако лани го сменија Жарко Ристоски, со кого македонската репрезентација бележеше историски успеси, челниците на ОФМ на негово место го ангажираа бугарскиот стратег Желјасков, но и тој не се задржа предолго на клупата на нашиот национален тим.

За селектор во овогодинешниот циклус на натпреварувања на репрезентацијата во ЦЕВ Европска Лига е назначен Драгутин Балтиќ. Прочуено име во Европските одбојкарски кругови, освојувач на европски клупски натпреварувања (ЦЕВ Куп, Челенџ Куп), национални шампионати на Словенија, Азербеџан, Швајцарија и со завидно тренерско искуство како селектор на националните тимови на Словенија и Бугарија“ – соопшти Одбојкарската Федерација на Македонија преку својот официјален фејсбук профил.

 

Се вчитува...