Селекторот на Словенија, Бостјан Цесар, се соочи со нов сериозен проблем пред завршницата од Лигата на нации откако остана без услугите на уште еден важен првотимец, можеби и играчот кој се наоѓаше во најдобра форма на клупски план во изминатиот месец.
Станува збор за Макс Елшник, офанзивниот фудбалер за врска кој со успех ги брани боите на Црвена Звезда. Словенецот постигна најмалку по еден гол на четири од последните пет средби на „црвено-белите“, но на последниот дуел заработи повреда што дефинитивно не е наивна.
Тој не пристигна денеска на репрезентативниот собир, по што српските медиуми објавија дека ќе паузира околу еден месец од терените.
Ова значи дека Елшник ќе го пропушти наредниот домашен меч со Швајцарија, но и оној последниот од Лигата на Нации, во кој Словенците ќе гостуваат во Скопје на селекцијата на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
