Во 48-мото коло од играта НовоЛото 7/34 чие извлекување се одржа во сабота на 17-ти јуни 2017, постигната беше добивка 7-ка со вредност од шест милиони (6.000.000,00) денари.
Уплатата е реализирана во Куманово во среќното место Кеопс. Уплатени се четири комбинации од по 20 денари и еден Џокер број од 20 денари со што вкупната уплата на играчот изнесува 100 денари. Добитна беше третата комбинација, а среќните броеви кои на играчот му носат 100.000 евра се: 6, 10, 15, 20, 25, 30 и 34.
Уплатата е реализирана на 16-ти јуни, ден пред извлекување, а ова е токму 16-тата седумка од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.
Среќното место Кеопс во Куманово по втор пат во историјата на оваа игра на среќа е уплатно место на постигната 7-ка и ова е прв пат што се повторува 7-ка во исто среќно место. До сега градови во кои е постигната 7-ка се: Скопје со вкупно осум постигнати седумки, Битола со четири постигнати седумки, Куманово со две седумки, Свети Николе и Тетово со по една постигната седумка.
Највредната седумка до сега носеше 27.503.930,00, со броеви уплатени во киоск на Југодрво во Скопје, минатата, 2016та година.
Оваа 16-та седумка е втора по ред во оваа година, а година со најголем број седумки е 2015-та кога се постигнати дури четири 7-ки. Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе успееме со нашите лото играчи да го надминеме бројот на до сега рекордната 2015-та, по број на постигнати 7-ки.
Фондот за 7ка за наредното коло изнесува 6.000.000,00 денари, а премијата за дополнителната игра Џокер ќе надмине 1.000.000,00 денари.
Среќниот добитник на оваа 16-та 7-ка го очекуваме во просториите на Државна лотарија на Македонија со електронската потврда за уплата на неговите среќни броеви, во врска со кои веруваме дека ќе добиеме интересна приказна која ќе ја споделиме со вас.
Играта НовоЛото 7/34 ја носи најголемата добивка во Македонија, а кој игра, тој добива.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА