Репрезентацијата на САД е првиот финалист на фудбалскиот Мундијал за жени откако во полуфиналната пресметка Американките триумфираа над Англија со 2-1.
Мечот донесе голема битка во која американските фудбалерки подобро се снајдоа во првото полувреме, поведувајќи со 2-1 со головите на Прес и Морган. Англичанките притиснаа во вториот дел, кога им беше поништен гол со ВАР, а потоа и промашија пенал што можеше да го одведе мечот во продолжение. На седум секунди до крајот судијата покажа на белата точка, но Наехер го одбрани ударот на Хјустон, носејќи ја селекцијата на САД во големото финале, петто за Американките на фудбалските мундијали.
Во второто полуфинале утре ќе се сретнат Холандија и Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА