Аргентина ја совлада Венецуела со 2-0 во четвртфиналето на Копа Америка и закажа пресметка со Бразил која ќе биде своевиден спектакл.
„Гаучосите“ поведоа со голот на Лаутаро Мартинез во 10. минута. Иако играта на Аргентинците не беше на ниво, во 74. минута Ло Селсо ја искористи грешката на голманот на Венецуела Франиес и ги постави конечните 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА