Спектакл во Синсинати: „Голеада“ и прва победа на Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Неверојатно интересен натпревар одиграа африканскиот Мамелоди Сандаунс и Борусија Дортмунд на Светското клупско првенство во САД.

На дуелот во Синсинати, Борусија Дортмунд на крај, со пресврт, славеше со 4-3.

Мамелоди поведе уште во 11. минута со голот на Рибеиро, но потоа уште пред паузата следеа три гола на „милионерите“, преку Нмеча, Гираси и Белингам за целосен пресврт и водство од 1-3 на полувремето.

Во вториот дел, Борусија со автогол зголеми на 1-4 веќе во 47. минута, а потоа противниците успеаја само да го ублажат поразот за конечни 3-4.

Се вчитува...