СРАМНО: Нападнат судија во Ржаничино – Полиција го спасуваше од гневните фудбалери на Гоце Делчев (ВИДЕО)

Срамен инцидент на натпреварот меѓу ФК Ржаничино и ФК Гоце Делчев во Ржаничино кој заврши со победа на домашните од 2-1, резултат кој предизвика гнев кај гостинските фудбалери кои по мечот го нападнале главнот судија.

Натпреварот беше одлучувачки за првото место на табелата и пласман во повисок ранг во Третата лига на Македонија, поради што донел активни тензии во текот на сите 90 минути. Домашните со пресврт и втор гол од пенал дојдоа до победата од 2-1 со што си обезбедија Трета лига. На гостите од ФК Гоце Делчев им беше доволен само бод за да го зачуваат дотогаш првото место на табелата, но не успеаја во тоа.

Сето тоа донесе гнев кај нив, а бесот го насочија кон главниот судија кој беше нападнат од гостинските фудбалери. Мораше да интервенира полицијата за да го спаси од лутите гости, на крај одвлекувајќи го кон соблекувалните…

ВИДЕО: Слободен печат

Се вчитува...