Србија и Русија сигурни кога беше најпотребно, одат на СП во Кина

Репрезентацијата на светкиот, олимписки и европски вицешампион, Србија не дозволи изненадување и го победи Израел во последниот квалификациски натпревар со 97-76 и обезбеди пласман на кошаркарскиот мундијал во Кина. Србите без доведени во ситуација да мораат да слават во завршната рунда откако во претпоследното коло претпреа изненадувачки пораз од Естонија.

Во пресметката со Израелците, српскиот состав не дозволи ниту можност противникот да се надева на успех. Рано ја презеде контролата, двоцифрена предност имаше уште во воедната четвртина, а на полувремото отиде со плус 16. Од оваа конкуренција покрај Србија на Светското првенство одат и Грција и Германија.

Репрезентацијата на Русија со голем пресврт во последниот сегмент ја победи Финска со 91-76 и се пласираше меѓу учесничките на Светското првенство. Русите губеа во најголем дел од натпреварот, но последната четвртина ја добија со 22 поени разлика и ја обезбедија победата која ги води меѓу најдобите во светот. Русија им се приклучува на Франција и на Чешка кои претходно имаа обезбедено место во Кина.

Последниот учесник на Мундијалот преку европските квалификации ќе биде одреден утре кога се среќаваат Црна Гора и Летонија. Црногорците го добија првиот дуел со 84-75 и затоа можат да си дозволат и пораз, но не со повеќе од осум поени. Ако забележи победа повисока од тоа, Летонија ќе патува за Кина.

Се вчитува...