Србија шокирана во Талин – Теодосиќ трагичар

Естонија приреди вистинска сензација во квалификациите за СП 2019 откако вечерва славеше над Србија со минимални 71-70, компликувајќи ја задачата на нашиот северен сосед во обидот да биде извадена виза за Мундијалот во Кина. Србите бркаат една победа во последните две кола, па откако вечерва загубија сега веќе немаат избор – во последната рунда ќе мора да слават пред своите гледачи над Израел, или претстојниот светски шампионат да го гледат на ТВ.

Милош Теодосиќ требаше да биде супер-засилување за составот на Александар Ѓорѓевиќ, но плејмејкерот се претвори во трагичар во самиот финиш од на7тпреварот. При водство на Србија од 76-78 тој при обид да врати една топка во поле му ја подари на естонскиот центар под кошот, за лесно израмнување на 78-78. Потоа поранешниот ас на ЛА клиперс промаши три шутеви до крајот, а потфрли и во одбраната, кога заборави на играчот што тој го чуваше (Рајесте), па Естонците со тројка стигнаа до недостижна предност. Јеловац имаше шанса да израмни откако му беа доделени три слободни фрлања, но тој промаши во третиот обид, за минимален пораз на Србија во овој драматичен натпревар.

Jеловац со 19 поени беше најдобар стрелец на Србија, Теодосиќ заврши со дабл-дабл од 16 поени и 10 асистенции, но и промашени клучни шутеви за својата репрезентација.

Се вчитува...