Ставре Јада 103. на бијатлонската спринт трка во Нове Место

Најдобриот македонски бијатлонец, Ставре Јада го освои 103. место во својот прв настап во Светскиот куп. Нашиот бијатлонец имаше одличен настап на стрелиштето каде само два пати ја промашуваше метата, но скијањето не беше најдобриот сегмент поради кој на крајот заврши како 103 од вкупно 106 натпреварувачи.

Тој зад времето на победникот Јоханес Тингес Бо доцнеше 6:41 минута. Второто место му припадна на Квентан Фијо Маје од Франциј, додека како трет заврши постариот од браќата Бо, Тарјеи.

Водечкиот во генералниот пласман, Французинот Мартан Фуркад мораше да се задоволи само со шестата позиција.

Се вчитува...