Ставре Јада 94. на трката во индивидуал на СП во бијатлон

Најдобриот македонски бијатлонец Ставре Јада заврши на 94. место од вкупно 103 натпреварувачи на трката во индивидуал на Светското првенство во бијатлон кое се одржува во италијанскиот Антхолц.

Нашиот бијатлонец трката на 20 километри ја заврши со пет промашувања и заостанување од 13:12 минути зад времето на победникот Мартан Фуркад од Франција. Среброто му припадна на големиот ривал од Норвешка, Јоханес Тингес-Бо додека со бронзата се закити Доминик Ландертингер од Австрија.

Јада на Светското првенство во Антхолц настапи и на спринт трката во која го освои 96. место.

Се вчитува...