Ставре Јада 96. во спринт-трката на СП во бијатлон

Најдобриот македонски бијатлонец, Ставре Јада заврши на 96. место на спринт трката на Светското првенство во Бијатлон што се одржува Разен-Антхолц во Италија.

Јада имаше солидна претстава на стрелиштето, каде само два пати ја промашуваше метата, но слабото скијање го чинеше подобар пласман. На трката настапија вкупно 107 бијатлонци, а Јада имаше заостанување од 4:42 минути зад времето на победникот, Александер Логинов од Русија. Среброто му припадна на Квентан Фиљо-Маје од Франција, додека со бронза се закити легендарниот Мартан Фуркад.

Норвешките браќа Тарје и Јоханес-Тингес Бо мораа да се задоволат само со четвртото и петтото место.

Се вчитува...