Страшен пад на шампионот: Моторот се распадна, Маркез заврши во болница

Светскиот првак во Мото ГП, Марк Маркез, имаше страшен пад на тренингот во пресрет на неделната трка за ГН на Тајланд, по што мораше да биде пренесен во болница.

Шпанецот ја загуби контролата над моторот и почна да се лизга, додека моторот се вртеше и се удираше од земја неколку пати. Маркез потоа стана и самиот стигна до амбулантното возило, но лекарите увидоа дека му е неопходна подетална помош, па тој беше пренесен во клиника во Бурирам.

Првите информации се дека состојбата на светскиот првак е стабилна и големи се шансите тој да се појави на неделната трка.

Се вчитува...