Страшни глетки: Се урна хокеј-арена, едно лице загина (видео)

Најмалку едно лице го загуби животот во страшната несреќа откако попладнево се урна салата СКК во Санкт Петербург, една од најпознатите руски спортски арени во последните триесетина години. Градските власти минатата година донесоа одлука оваа арена да се реновира и да добие модерен изглед, но процесот на реконструкција се претвори во тотално фијаско.

Планот беше оваа сала да се демонтира, но за време на процесот таа се урна, при што загина еден работник, кој во тој момент се наоѓаше на покривот. Моментот на уривање делува навистина застрашувачки, а се стравува од уште повеќе жртви меѓу работниците кои работеле на долното ниво од арената.

 

Се вчитува...