„Супербоул 54“ – Цената на билетите ги урива сите рекорди

За помалку од две седмици на „Хард рок стадионот“ во Мајами ќе се одигра „Супербоул 54“ во кој ќе се сретнат Канзас Сити Чифс и Сан Франциско 49-ерс. Како што и се случува обично, на големите спортски настани, цената на препродажбата на билети знае да достигне вртоглава сума.

Цената на влезниците за „Супербоул“ сама по себе е многу скапа, особено за обичниот човек. Како што јавува службениот продавач на билети за натпреварот, сумата во препродажба ќе ги урне сите рекорди во историјата на најпопуларниот американски спорт.

Еден билет ќе чини неверојатни 6785 долари, а се однесува на билети кои ќе бидат на солидни места на стадионот. Оние кои што се наоѓаат во горните редови, од каде не може добро да се следи натпреварот ќе чинат околу 4.500 долари. Американците овој факт го објаснуваат со две работи. Прво локацијата на „Супербоул“, а тоа е Мајами што е еден од најголемите туристички градови во САД, а второ и противниците во мечот. Сан Франциско последен пат го освои трофејот во 1994 година, додека Канзас Сити чека на трофејот неверојатни 50 години.

Се вчитува...