За неколку дена започнува првото Светско клупско првенство во новиот формат. Ќе трае еден месец, а на него ќе учествуваат 32 екипи само неколку недели по завршувањето на сезоната.
Претставници на сите конфедерации ќе се најдат во Соединетите Американски Држави. Турнирот ќе го отворат Интер Мајами и Ал Ахли на стадионот „Хард Рок во Мајами, а финалето ќе се игра во Њу Џерси.
„Opta“ го искористи својот суперкомпјутер за да ги направи првите предвидувања за тоа кој има најголеми шанси да победи на крајот. Најголеми шанси да биде шампион има Пари Сен Жермен (18,5 отсто). Победникот на Лигата на шампионите за оваа сезона има само малку поголеми шанси да биде светски првак во однос на Манчестер Сити, кому суперкомпјутерот му дава 17,8 отсто шанси.
Меѓу 11-те најголеми фаворити – сите се клубови од Европа. Трет фаворит е Баерн (12,8 отсто), потоа Интер (12,3), па Реал Мадрид (9,8) и Челси (8,4 отсто). До 11-тото место по редослед на шанси се Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Јувентус, Бенфика и Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА