Суперлигата е жива! Судот во Мадрид: Лигата има легитимитет, нема санкции од ФИФА и УЕФА

Најавената Суперлига и натаму е жива, и наскоро би можела да се примени во пракса, затоа што стигна правна подлога. Омразеното натпреварување ги „победи“ законите на ФИФА и на УЕФА.

Трговскиот суд во Мадрид ја прифати жалбата на А22 Спортс, и утврди дека Суперлигата има легитимитет, и клубовите кои ќе бидат дел од неа не може да бидат санкционирани од страна на УЕФА и ФИФА, пренесува „Туто Меркато“.

Со тоа е можно да се создаде независно и алтернативно натпреварување.

„ФИФА и УЕФА повеќе не може да ги оправдува своите негативни ставови кон натпреварувањето како да се чувари на одредени европски вредности, особено ако тоа води кон монопол кое го исклучува и ја кочи иницијативата на конкуренцијата, и претставува злоставување од страна која е во доминантна положба“.

Се вчитува...