Таткото на Хабиб: Не ми е до парите, но без 100 милиони нема борба

Таткото и тренер на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап Нурмагомедов повторно изјави дека доколку нема сигурна заработка од 100 милиони долари, нема да има реванш против Конор Мекгрегор. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт по победничкото враќање на Мекгрегор, најави дека ќе има реванш против Хабиб.

„Зборуваат за мојата приказна за 100 милиони долари. Без 100 милиони, нема борба. За мене парите не се важни, туку спортот, но без 100 милиони нема да има борба бидејќи сите ќе заработат многу“, изјави Абдулманап. 

Хабиб на 18. април во Њујорк ќе ја брани титулата против Тони Фергусон, а потоа е најавено дека може да се појави и на боксерски натпревар.

Се вчитува...