Тешка повреда на Марко Копљар

Марко Копљар го оправдува епитетот на еден од најмалерозните ракометри во Европа, откако десниот бек на Фуксе Берлин заработи нова сериозна повреда.

Хрватскиот интернационалец се повреди во првото полувреме од дуелот против Сант Рафаел во рамките од ЕХФ-купот, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за оштетување на тетивата. Во следните денови ќе биде обелоденето за каков вид на третман ќе се одлучат ракометарот и неговиот клуб, но јасно е дека Копљар нема да може да се врати на терените до крајот на сезонава.

Воедно, тој ќе го пропушти и двомечот од баражот за пласман на СП против Црна Гора.

Се вчитува...