Леонардо Спинацола е еден од најдобрите италијански фудбалери на ЕВРО 2020, но левиот бек на Рома ќе мора да ја пропушти завршницата откако заработи тешка повреда во второто полувреме од мечот со Белгија.
Тој остана да лежи на теренот во сопствениот шеснаесетник во 78. минута, а експресно стана јасно дека проблемот е сериозен, па мораше на носилки да биде однесен од теренот. Првичните информации говорат дека станува збор за кинење на тетивата, по што паузата е минимум четири месеци, што значи дека Спинацола ќе го пропушти и стартот на новата сезона.
Соиграчите од италијанската репрезентацијата се свесни дека токму тој беше меѓу најзаслужните за големата победа, со спречениот гол на Лукаку за 2-2 неколку минути пред повредата, па за време на летот од Минхен до Рим неколку пати авионот на „аѕурите“ се „тресеше“ додека сите фудбалери скокаа и го извикуваа името на повредениот дефанзивец.
Italian national team chanting for Leonardo Spinazzola on the plane tonight after he broke his Achilles tendon tonight. Amazing video from @Vivo_Azzurro. 🇮🇹💙 #Italia #Spinazzola pic.twitter.com/HY8dnPD6w8
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 2, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА