Тите: Да бев во публика и јас ќе му свиркав на Бразил

По стартниот триумф над Боливија на Копа Америка, Бразил ги разочара навивачите играјќи реми без голови со репрезентацијата на Венецуела. По натпреварот „кариоките“ добија свирежи од навивачите, а селекторот Тите вели дека ги разбира нападите од фановите и дека и тој ако бил на трибините исто ќе изреагирал.

„Мора да ги разбереме навивачите. Тие сакаат да видат голови. Да бев во публиката и јас ќе ги исвиркував селекторот и фудбалерите“, изјави Тите.

Бразил во последното трето коло ќе се сретне со репрезентацијата на Перу, која вчера ја совлада Боливија со 1-2.

Се вчитува...