Карим Бензема шест години чекаше да биде повторно повикан во француската репрезентација, а кога тоа конечно се случи – асот на Реал Мадрид заработи незгодна повреда непосредно пред почетокот на ЕВРО 2020.
Бензема беше стартер кај „триколорите“ на вечерашната последна контрола против Литванија, но одличниот голгетер не издржа ниту едно полувреме, откако остана да лежи на теренот жалејќи се на болка во мускулот. Лекарската помош не беше доволна за тој да го продолжи натпреварот, по што Бензема уште во првото полувреме беше заменет со Оливие Жиру.
Утрешните лекарски прегледи ќе дадат одговор на прашањето колку е сериозна повредата и дали Бензема воопшто ќе може да настапи на европскиот шампионат. Франција првиот меч на првенството ќе го игра на 15 јуни против селекцијата на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА