Македонската репрезентација во традиционално карате имаше успешен настап на Балканскиот карате шампионат што се одржа во Белград. Нашите каратисти освоија вкупно 14 медали, од кои 3 златни, 4 сребрени и 7 бронзени одличја.
На Балканскиот Шампионат учествуваа 10 репрезентации: (Македонија, Србија,Босна и Херцеговина, Грција, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Романија, Турција и Бугарија).
Резултати1. место – Балкански шампиони во Енбу м/ж, сениори-(Бојан Богдановиќ и Берта Милевска);
1.место – Балкански шампиони во џ.и.кумите-тим жени, деца (А.Белазелкоска, М.Младеновска и К.Дробниќ);
1.место – Балкански шампиони во Енбу м/ж, деца- (Иван Трпковски и Катарина Дробниќ);
2.место – Балкански вицешампиони во ката тим, кадетки(А.Белазелкоска, Ј.Милевска и Ј.Дробниќ);
2.место – Балкански вицешампиони во џ.и.кумите-тим, деца(Д.Влахо, И.Трпковски и В.Андоновски);
2.место – Балкански вицешампион во џ.и.кумите, деца-(Мила Младеновска);
2.место – Балкански вицешампион во џ.и.кумите, кадетки- (Антонија Белзелкоска);
3.место – бронзен медал во фукуго, сениори-(Бојан Богдановиќ);
3.место – бронзен медал во кого-кумите, младинки-(Берта Милевска);
3.место – бронзен медал во фукуго, младинки-(Берта Милевска);
3.место – бронзен медал во кого-кумите, кадетки-(Јелена Дробниќ);
3.место – бронзен медал во фукуго, кадетки-(Јана Милевска);
3.место – бронзен медал во кати, деца-(Мила Младеновска);
3.место – бронзен медал во кихон, деца-(Иван Трпковски);
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА