Трамп најави: Спортот во САД ќе се врати за брзо, но ќе се игра без публика

Претседателот на САД, Доналд Трамп по состанокот со националните федерации и сопствениците на клубовите најави дека спортот во земјата ќе се врати за брзо, и покрај тоа што САД е најпогодената во светот од коронавирусот.

Трамп истакна дека спортот ќе биде тој со кој ќе се тргне и во опоравувањето на економијата. По состанокот со челниците на спортските асоцијации најави почеток на спортските активности.

„Извесно е дека за брзо време повторно ќе се активираат спортските натпреварувања, но ќе продолжат без присуство на публика. ТВ преноси од сите натпревари сигурно ќе бидат осигурани“ – истакна Трамп.

Секако, спортистите најпрво ќе минат низ серија тестови, а натпреварувањата ќе бидат организирани под посебни услови и упатства од здравствените работници.

Се вчитува...