Натпреварите од третите македонски фудбалски лиги, се чини, и тоа како се предодредени за евро-погодоци.
По оној гол на Костовски од ФК Росоман пред три недели, сега нов спектакуларен гол, овој пат од Третата македонска фудбалска лига – Исток, и дуелот меѓу Дојранско Езеро и Овче Поле.
Домаќините го добија мечот со 2-1, притоа со еден погодок кој секако ќе остане во сеќавање. Фудбалерот на Дојранско Езеро, Слободан Митков постигна гол директно од слободен удар од околу 30. метри, испраќајќи вистинска бомба која прво ја погоди пречката, па се одби од гостинскиот голман во грб и заврши во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА